
Кој го создал универзумот? Кој ме создал? И зошто?
Дали сум јас на вистинскиот пат?
Кој ги создал небесата и Земјата и сè што постои на нив од грандиозните созданија кои не можеме дури и да ги наброиме?
Кој го создал овој прецизен систем на небото и на Земјата?
Кој го создал човекот, му дал слух, вид и разум и му овозможил да стекнува знаења и да осознава вистини?
Кој го создал овој прецизен систем во деловите на твоето тело, и кој ти го дал најубавиот облик?
Размисли за создавањето на живите битија, за нивната различност и разновидност, кој ги создал во сите тие безбројни облици?
Како е организиран и толку стабилен овој грандиозен универзум, со своите закони кои прецизно го уредуваат во текот на сето минато време?
Кој ги поставил овие системи кои владеат на овој свет (животот, смртта, размножувањето, ноќта и денот, промената на годишните времиња итн.)?
Дали овој унивезум се создал сам од себе? Или настанал случајно? Аллах Возвишениот вели:
﴿أَمْ خُلِقُوا مِنْ غَيْرِ شَيْءٍ أَمْ هُمُ الْخَالِقُونَ (٣٥) أَمْ خَلَقُوا السَّمَاوَاتِ وَالْأَرْضَ بَلْ لَا يُوقِنُونَ﴾
„Дали тие без Создател се создадени или тие самите себеси се создадоа"
„Дали тие небесата и Земјата ја создадоа?! Не, туку тие не се убедени!" (Ет Тур, 35-36)
Ако ние самите не се создадовме, а невозможно е да дојдовме од ништо или случајно, тогаш вистината во која нема сомнение е: дека овој универзум мора да има голем и моќен Создател, бидејќи е невозможно овој универзум да се создал самиот себе! Или дека настанал од ништо! Или дека настанал случајно!
Зошто човекот верува во работи кои не може да ги види? На пример: перцепцијата, разумот, душата, чувствата и љубовта. Дали можеби е така затоа што ги забележал нивните ефекти. Како човек го негира Создателот на овој грандиозен универзум, а ги забележува трагите на сè што е создадено и трагите на Неговото создавање и сомилост?!
Никој со здрав разум не прифаќа да му се каже дека оваа куќа само така настанала и дека не ја изградил никој, или дека истата ја создало непостоењето! Како некои луѓе можат да веруваат дека овој голем универзум настанал без Создател? Како еден разумен човек може да прифати да му се каже дека оваа прецизна уреденост настанала случајно?
Сето ова нè води до еден заклучок, а тоа е дека со овој универзум управува Голем и Моќен Владетел и дека само Тој е достоен за обожување. Сè што се обожува покрај Него е заблуда и не заслужува да се обожува.
Господар, Величенствен Создавател.
Еден е Создателот, Тој е Владетел, Кој управува со сѐ, Кој сите ги снабдува, Тој дава живот и смрт, Тој е Оној кој ја создал Земјата и ја потчинил на Своите созданија, Тој е Оној кој ги создал небесата, и други големи созданија што се во нив. Тој воспостави прецизна рамнотежа на Сонцето, Месечината, ноќта и денот, што укажува на Неговата големина.
Тој ни го подредил воздухот и за нас нема живот без него. Тој го спушта дождот и ни ги потчинил морињата и реките. Тој нè хранеше и не чуваше додека сè уште бевме фетуси во утробите на нашите мајки, кога бевме немоќни, овозможи крвта да тече во нашите вени, срцето постојано да отчукува од денот на нашето раѓање па сè до денот на смртта.
Овој Господар, Создател, кој ги снабдува сите е Аллах, нека е Возвишен Тој.
Аллах, Возвишениот вели:
﴿إِنَّ رَبَّكُمُ اللَّهُ الَّذِي خَلَقَ السَّمَاوَاتِ وَالْأَرْضَ فِي سِتَّةِ أَيَّامٍ ثُمَّ اسْتَوَى عَلَى الْعَرْشِ يُغْشِي اللَّيْلَ النَّهَارَ يَطْلُبُهُ حَثِيثًا وَالشَّمْسَ وَالْقَمَرَ وَالنُّجُومَ مُسَخَّرَاتٍ بِأَمْرِهِ أَلَا لَهُ الْخَلْقُ وَالْأَمْرُ تَبَارَكَ اللَّهُ رَبُّ الْعَالَمِينَ﴾
„Господарот ваш е Аллах, Кој небесата и Земјата во шест периоди ги создаде, а потоа над Аршот се возвиши. Тој со темнината на ноќта го прекрива денот, која во чекор го следи, а Сонцето и Месечината и ѕвездите се покоруваат на Неговата волја. Само Тој создава и управува! Возвишен нека е Аллах, Господарот на световите!" (Ел Араф, 54)
Алах е Господарот Кој е Создател на сѐ што постои во вселената, на она што го гледаме и она што не го гледаме. Сè освен Него е создадено. Само Тој е достоен за обожување и никој не треба да се обожува освен Него. Никој не Му е рамен во Неговото владеење, создавање, управување или обожување.
Ако, теоретски, претпоставиме постоење на други божества заедно со Возвишениот Господар, тоа би довело до нарушување на рамнотежата во универзумот. Затоа што не е соодветно две божества да владеат со универзумот истовремено. Аллах Возвишениот, вели:
{لَوْ كَانَ فِيهِمَا آلِهَةٌ إِلَّا اللَّهُ لَفَسَدَتَا}
„Да имаше на нив (Земјата и небесата) други божества освен Аллах ќе беа уништени..." Ел Енбија, 22.
Својствата на Господарот и Творецот (Создателот)
Господарот, Возвишениот, поседува најубави имиња кои се многубројни и не може да се набројат. Исто така, Тој поседува многу возвишени атрибути кои укажуваат на Неговото совршенство. Меѓу Неговите имиња се: Создателот, Аллах, што значи: Единствениот Бог достоен за обожување, Кому му нема еднаков. Тој е Живиот, Вечниот, Милостивиот, Снабдувачот и Благородниот.
Возвишениот Аллах во Благородниот Куран вели:
﴿اللَّهُ لا إِلَهَ إِلَّا هُوَ الْحَيُّ الْقَيُّومُ لا تَأْخُذُهُ سِنَةٌ وَلا نَوْمٌ لَهُ مَا فِي السَّمَوَاتِ وَمَا فِي الأَرْضِ مَنْ ذَا الَّذِي يَشْفَعُ عِنْدَهُ إِلَّا بِإِذْنِهِ يَعْلَمُ مَا بَيْنَ أَيْدِيهِمْ وَمَا خَلْفَهُمْ وَلا يُحِيطُونَ بِشَيْءٍ مِنْ عِلْمِهِ إِلَّا بِمَا شَاءَ وَسِعَ كُرْسِيُّهُ السَّمَوَاتِ وَالأَرْضَ وَلا يَئُودُهُ حِفْظُهُمَا وَهُوَ الْعَلِيُّ الْعَظِيمُ﴾
„Аллах е, нема друг бог освен Него, Живиот и Самоопстојувачкиот Одржувател! Не Го обзема ни дремка ни сон! Негово е тоа што е на небесата и на Земјата! Кој може кај Него да се зазема освен со Негова дозвола?! Тој знае што било пред и што ќе биде по нив, и тие не можат да опфатат од Неговото знаење, освен колку што Тој сака! Неговиот Курсиј ги опфаќа и небесата и Земјата, и Нему не Му е тешко да ги одржува! Тој е Севишниот, Величествениот!" (Ел Бекаре, 255).
Возвишениот Аллах вели:
﴿قُلْ هُوَ اللَّهُ أَحَدٌ (١) اللَّهُ الصَّمَدُ (٢) لَمْ يَلِدْ وَلَمْ يُولَدْ (٣) وَلَمْ يَكُنْ لَهُ كُفُوًا أَحَدٌ﴾
Кажи: „Тој е Аллах, Еден е.(1)
Аллах е прибежиште секому! (2)
Не родил и не е роден, (3)
и никој не Му е рамен!" (4) (Ел Ихлас, 1-4).
Господарот Кој заслужува да се обожува, ги има најсовршените атрибути
Една од тие особини е Дека само Тој е достоен да се обожува, а сѐ друго освен него е создадено, задолжено со обврски и наредби, потчинето.
Една од неговите карактеристики е дека Тој е Жив, Вечен. Сè што живее е создадено од ништо, по волја на Аллах. Тој го одржува нивното постоење, ги снабдува и ги штити. Господарот е Живиот Кој никогаш не умира, и невозможно е да исчезне; Тој е Вечниот кој никогаш не спие, ниту пак го обзема дремка ниту сон.
Од Неговите особини се: Тој е Сезнајниот, Кому ништо на небесата и на Земјата не Му е скриено.
Една од Неговите особини е дека Тој сѐ слуша и гледа, ги гледа сите созданија, знае за мислите во душите и тоа што го кријат човечките гради, ништо не Му е скриено на Возвишениот ниту на Земјата ниту на небесата.
Една од Неговите особини е дека Тој е Моќен ништо не може да Го совлада ниту може да ја одбие Неговата волја, го прави она што сака и не дозволува да се случи нешто што Тој не сака, забрзува и одлага, и Тој има совршена мудрост.
Од Неговите особини е тоа дека Тој создава и снабдува, управува, ги создал сите созданија и управува со нив, додека сѐ што е создадено е под Неговата власт и контрола.
Од Неговите својства е дека Тој му се одѕвива на тој што е во некаква тешкотија, и им помага на тие што се со потреба, и ја отстранува тагата од тие што тагуваат, секое создание кога ќе западне во некоја грижа или тага нужно Му се приклонува.
Обожувањето може да биде насочено само кон Возвишениот Аллах, бидејќи Тој е Единствениот Совршен кој е достоен за обожување, и никој друг освен Него. Сѐ што се обожува освен Него, е лажно божество, бидејќи е со маани, подложно на смрт и исчезнување.
Аллах, нека е Возвишен, ни дал ум со кој може да се сфати нешто од Неговата големина, и во нас е всади природно чувство да го сакаме доброто и да го мразиме злото и да се чувствуваме понизни кога ќе се приклониме кон Аллах, Господарот на световите. Оваа природна состојба укажува на Неговото совршенство и дека Тој, нека е Возвишен, не може да се опише со недостаток.
На разумниот не му доликува да обожува нешто што не е совршено. Како тогаш да обожува создание кое е поминорно од него!
Не може да се обожува човек, кип, дрво или животно!
Господарот е над небесата, издигнат над Својот престол (Арш), одвоен од созданијата. Во Неговото Битие нема ништо од Неговите созданија, ниту во Неговите созданија има нешто од Неговото Битие. Тој не се појавува ниту се отелотворува во ниту едно од Неговите созданија.
Ништо не Му е слично на Господ, Тој е Оној што слуша и гледа, и никој не Му е рамен. Тој е независен од Своите созданија, не спие, ниту јаде храна, Величествен е и не може да има жена или дете. Создателот ги поседува карактеристиките на Величественост и никогаш не може да се опише со потреба или недостаток.
Аллах, Возвишениот вели:
﴿يَا أَيُّهَا النَّاسُ ضُرِبَ مَثَلٌ فَاسْتَمِعُوا لَهُ إِنَّ الَّذِينَ تَدْعُونَ مِنْ دُونِ اللَّهِ لَنْ يَخْلُقُوا ذُبَابًا وَلَوِ اجْتَمَعُوا لَهُ وَإِنْ يَسْلُبْهُمُ الذُّبَابُ شَيْئًا لَا يَسْتَنْقِذُوهُ مِنْهُ ضَعُفَ الطَّالِبُ وَالْمَطْلُوبُ (٧٣) مَا قَدَرُوا اللَّهَ حَقَّ قَدْرِهِ إِنَّ اللَّهَ لَقَوِيٌّ عَزِيزٌ﴾
„О, луѓе, еве еден пример, па послушајте го: Тие што, покрај Аллах, ги молите, не можат никако ни мушичка да создадат, па дури и поради неа да се соберат. А ако мушичката нешто би им зела, тие тоа не би можеле од неа да го вратат, слаб е тој што бара и тоа што се бара! (73)
Тие не Го познаваат Аллах како што треба, а Аллах е навистина Моќен и Силен" (74). (Ел Хаџ, 73-74).
Зошто нѐ создал Големиот Создател? И што бара од нас?
Дали е сфатливо, Аллах бесцелно да ги создаал сите овие созданија? Дали залудно ги создал, а Тој е Мудриот и Сезнајниот?
Дали е разумно дека Тој нè создал толку прецизно и потполно, ни подредил сè што е на небесата и на Земјата, и тоа Негово создавање да е бесцелно, нè оставил без одговор на најважните прашања кои нè преокупираат, како на пример: Зошто сме тука? Што се случува по смртта? Која е целта на нашето постоење?
Дали е разумно да нема казна за насилникот и награда за добротворот?
Аллах Возвишениот вели:
﴿أَفَحَسِبْتُمْ أَنَّمَا خَلَقْنَاكُمْ عَبَثًا وَأَنَّكُمْ إِلَيْنَا لَا تُرْجَعُونَ﴾
„Зарем мислите дека залудно ве создадовме и дека нема да Ни се вратите?" (Ел Муминун, 115).
Напротив, Аллах испратил пратеници за да ја осознаеме целта на нашето постоење, и нѐ упатил како да го обожуваме и да Му се приближиме, и што Тој бара од нас! И како да го добиеме Неговото задоволство, и нѐ известил за нашиот крај после смртта?
Аллах пратил пратеници за да нè информираат дека единствено Тој заслужува да биде обожуван, да знаеме како да Го обожуваме, да ни ги пренесат Неговите забрани и наредби, да нè поучат за благородните вредности, кои доколку ги прифатиме, нашиот живот ќе биде убав, исполнет со добрини и благодати.
Аллах испратил многу пратеници како: (Нух, Ибрахим, Муса и Иса). Ги потпомогна со бројни докази и чуда кои ја докажуваат вистината која ја кажуваа и дека тие се пратеници од Него Возвишениот, а последниот меѓу нив беше Мухаммед, алејхи селам.
Божјите пратеници јасно ни објасниле дека животот на овој свет е испит и дека вистинскиот живот е по смртта.
Нè информирале дека постои Џенетот за верниците кои само Аллах Единствениот го обожувале, верувале во сите Божји пратеници и дека постои Џехенемот, подготвен како казна за неверниците, кои обожувале други покрај Аллах или не верувале во кој било Божји пратеник.
Аллах, Возвишениот, вели:
﴿يَا بَنِي آدَمَ إِمَّا يَأْتِيَنَّكُمْ رُسُلٌ مِنْكُمْ يَقُصُّونَ عَلَيْكُمْ آيَاتِي فَمَنِ اتَّقَى وَأَصْلَحَ فَلَا خَوْفٌ عَلَيْهِمْ وَلَا هُمْ يَحْزَنُونَ (٣٥) وَالَّذِينَ كَذَّبُوا بِآيَاتِنَا وَاسْتَكْبَرُوا عَنْهَا أُولَئِكَ أَصْحَابُ النَّارِ هُمْ فِيهَا خَالِدُونَ﴾
„О, синови Адемови, кога меѓу вас самите ќе ви доаѓаат Пратеници кои прописите Мои ќе ви ги објаснуваат – тогаш тие што ќе се плашат од Аллах и што ќе прават добри дела од ништо нема да се плашат ниту за што било ќе тагуваат; (35)
а тие што доказите Наши ќе ги негираат, и од нив горделиво ќе се свртуваат, ќе бидат жители во Огнот, во него вечно ќе останат!" (36) (Ел Араф, 35-36)
Аллах, Возвишениот, на друго место во Куранот вели:
﴿يَا أَيُّهَا النَّاسُ اعْبُدُوا رَبَّكُمُ الَّذِي خَلَقَكُمْ وَالَّذِينَ مِنْ قَبْلِكُمْ لَعَلَّكُمْ تَتَّقُونَ (٢١) الَّذِي جَعَلَ لَكُمُ الْأَرْضَ فِرَاشًا وَالسَّمَاءَ بِنَاءً وَأَنْزَلَ مِنَ السَّمَاءِ مَاءً فَأَخْرَجَ بِهِ مِنَ الثَّمَرَاتِ رِزْقًا لَكُمْ فَلَا تَجْعَلُوا لِلَّهِ أَنْدَادًا وَأَنْتُمْ تَعْلَمُونَ (٢٢) وَإِنْ كُنْتُمْ فِي رَيْبٍ مِمَّا نَزَّلْنَا عَلَى عَبْدِنَا فَأْتُوا بِسُورَةٍ مِنْ مِثْلِهِ وَادْعُوا شُهَدَاءَكُمْ مِنْ دُونِ اللَّهِ إِنْ كُنْتُمْ صَادِقِينَ (٢٣) فَإِنْ لَمْ تَفْعَلُوا وَلَنْ تَفْعَلُوا فَاتَّقُوا النَّارَ الَّتِي وَقُودُهَا النَّاسُ وَالْحِجَارَةُ أُعِدَّتْ لِلْكَافِرِينَ (٢٤) وَبَشِّرِ الَّذِينَ آمَنُوا وَعَمِلُوا الصَّالِحَاتِ أَنَّ لَهُمْ جَنَّاتٍ تَجْرِي مِنْ تَحْتِهَا الْأَنْهَارُ كُلَّمَا رُزِقُوا مِنْهَا مِنْ ثَمَرَةٍ رِزْقًا قَالُوا هَذَا الَّذِي رُزِقْنَا مِنْ قَبْلُ وَأُتُوا بِهِ مُتَشَابِهًا وَلَهُمْ فِيهَا أَزْوَاجٌ مُطَهَّرَةٌ وَهُمْ فِيهَا خَالِدُونَ﴾
„О, луѓе, обожувајте Го Господарот ваш Кој ве создаде и вас и тие пред вас, за да бидете богобојазливи." (21)
„Кој Земјата постела, а небото здание ви ги направи; Кој од небото ви го спушта дождот и со него создава плодови, снабдување за вас. Затоа не припишувајте Му здруженик на Аллах, знаејќи го тоа." (22)
„А ако се сомневате во тоа што Сме му го објавиле на Својот роб, тогаш, донесете вие едно поглавје слично на тоа; повикајте ги и божествата ваши, ако вистината ја зборувате." (23)
„Па, ако не го направите тоа, а нема да го направите, тогаш чувајте се од огнот кој е подготвен за неверниците, чиешто гориво луѓето и камења ќе бидат!" (24)
„А израдувај ги тие што веруваат и што прават добри дела дека ним им припаѓаат џенетските градини низ кои реки течат! Кога и да бидат снабдени од градините со секаков плод, велат: ,Со ова и претходно бевме снабдени.', а им беа давани само слични на нив! Во градините само чисти жени ќе имаат и во нив вечно ќе престојуваат!" (25) (Ел Бекаре, 21-25).
Зошто имаше повеќе Божји пратеници?
Аллах ги испрати Своите пратеници до сите народи, така што ниту еден народ не остана без пратеник кој ги повикуваше да Го обожуваат својот Господар, и ги пренесоа Неговите заповеди и забрани. Крајната цел на нивниот повик беше луѓето да го обожаваат Аллах Единствениот и Семоќниот. Секогаш кога некој народ почнуваше да го напушта или да го искривува она што им го донел нивниот Пратеник како што е наредба да се верува во Неговото единство, Аллах испраќаше друг Пратеник да ги исправи и да ги врати луѓето кон природното верување и покорноста на Аллах Единствениот.
Аллах го запечати испраќањето на веровесниците со Мухамед, алејхи селам, кој донесе целосна вера и постојан закон кој ќе важи за сите луѓе до Судниот ден. Овој закон е целосен и ги дерогира сите претходни закони, а Семоќниот Аллах ја гарантира трајноста и опстанокот на оваа вера сѐ до Судниот ден.
Човекот не може да биде верник сè додека не поверува во сите Пратеници.
Аллах е Тој што ги испратил Божјите пратеници, им наредил на сите луѓе да ги следат, и секој што го негирал пратеништвото на еден од нив станувал неверник. Нема поголем грев од тоа да се отфрли тоа што Аллах го објавил. За влез во рајот, услов е верувањето во сите Пратеници.
Затоа, должноста на секој човек во ова време е да верува во Аллах и во сите Негови пратеници и да верува во Судниот ден. Ова може да се постигне само со верување и следење на последниот Пратеник, Мухамед, алејхи селам, потпомогнат со трајното чудо, Чесниот Куран, за кој Семоќниот Аллах ветил дека ќе го заштити сѐ додека постои светот.
Аллах во Куранот спомнува дека тој што одбива да верува во кој било од Неговите пратеници, таквиот не верува во Аллах и ја смета за лажна неговата Објава, Аллах Возвишениот вели:
﴿إِنَّ الَّذِينَ يَكْفُرُونَ بِاللَّهِ وَرُسُلِهِ وَيُرِيدُونَ أَنْ يُفَرِّقُوا بَيْنَ اللَّهِ وَرُسُلِهِ وَيَقُولُونَ نُؤْمِنُ بِبَعْضٍ وَنَكْفُرُ بِبَعْضٍ وَيُرِيدُونَ أَنْ يَتَّخِذُوا بَيْنَ ذَلِكَ سَبِيلًا (١٥٠) أُولَئِكَ هُمُ الْكَافِرُونَ حَقًّا وَأَعْتَدْنَا لِلْكَافِرِينَ عَذَابًا مُهِينًا﴾
„Тие што не веруваат во Аллах и во Пратениците Негови и сакаат помеѓу Аллах и Пратениците Негови разлика во верувањето да направат, велат: ,Во некои веруваме, а во некои не веруваме', и сакаат помеѓу тие две некаков пат да изнајдат - (150)
тие навистина се вистински неверници; а Ние на неверниците им подготвивме срамно страдање!" (151) (Ен Ниса, 150-151).