Articles




الإسلام دين رب العالمين


Исламот е верата на Господарот на световите.


Во името на Аллах Семилосниот Милостивиот


Исламот е верата на Господарот на световите.


Кој е твојот Господар?


Ова е најважното и најзначајното


прашање во животот на кое човекот мора да го знае вистинскиот одговор.


Нашиот Господар е Тој што ги создаде небесата и Земјата и спушта вода од небото, преку која никнуваат растенија кои даваат плодови за нас и за животните со кои се храниме. Тој нè создаде нас, нашите предци, и сè што постои. Ноќта ја направи за одмор и починка, а денот за работа и обезбедување на животните потреби. Тој ни ги подреди Сонцето, Месечината, ѕвездите и морињата, и ни ги даде животните од кои се храниме и од кои ги користиме млекото и волната.


Кои се својствата на Господарот на световите?


Господарот е Оној што ги создаде сите суштества и ги упатува кон вистината и вистинскиот пат. Тој управува со сите работи на Своите созданија, им обезбедува средства за живот и е сопственик на сè, како на овој така и на идниот свет. Сè му припаѓа Нему и сè покрај Него е во Негова сопственост. Тој е Вечниот, Кој не умира и не спие; Самоопстоечкиот Господар, преку Кого сè живо постои. Неговата милост ги опфаќа сите нешта, и ништо на Земјата ниту на небото не е скриено од Него. Ништо не Му е слично; Тој сè слуша и сè гледа. Тој е над небеса кои го создал, независен од Своите созданија, а сите созданија се зависни од Него. Ниту Тој се појавува во облик на Своите созданија, ниту нешто од созданијата може да биде облик на Неговото возвишено битие. Господарот е Оној што го создаде видливиот свет со сите негови совршено уредени и постојани системи – било да се тие поврзани со телото на човекот и животните, или со универзумот околу нас, со сонцето, ѕвездите и сите негови составни делови.


Сè што се обожува покрај Него не може да си донесе ниту корист ниту штета, па како тогаш би можело да му донесе корист на оној што го обожува или да го заштити од злото?


Кои се правата на нашиот Господар кои ги побарува од нас?


Правото на нашиот Господар спрема сите луѓе е да Го обожуваат само Него, без да Му припишуваат нешто друго. Тоа значи дека не треба да обожуваат никого освен Него — ниту човек, ниту камен, ниту река, ниту нешто неживо, ниту ѕвезда, ниту било што друго. Ибадетот треба да биде посветен исклучиво на Аллах, Господарот на световите.


Кое е правото на луѓето кај нивниот Господар?


Правото на луѓето кај Аллах е, ако Го обожуваат и Му се покоруваат, да им подари убав живот исполнет со сигурност, мир, спокој и задоволство. На Ахирет, тоа право подразбира влез во Џенетот, каде што ги чека вечната радост и бесмртен живот. Но, ако не Му бидат покорни и ги прекршуваат Неговите наредби, Аллах ќе ја направи нивната живеачка тешка и несреќна, иако тие можеби ќе мислат дека се во среќа и удобност. А на Судниот ден, ќе ги внесе во Огнот од кој нема излез и ќе бидат изложени на вечни маки и бескраен живот во страдање.


Која е целта на нашето постоење? Зошто сме создадени?


Племенитиот Господар ни објасни дека сме создадени за возвишена цел — да Го обожуваме само Него и да не Му припишуваме ништо друго. Тој нè задолжи да управуваме со Земјата со добрина и да се стремиме кон подобрување. Оној кој обожува некој друг наместо својот Господар и Создател, не ја разбрал целта за која е создаден и не ја исполнил својата должност кон Создателот. Кој прави зло на земјата, не ја разбрал задачата што му е доверена.


Како да го обожуваме нашиот Господар?


Возвишениот Господар не нè создал бесцелно и не нè оставил без насока, ниту го направил нашиот живот бесмислен. Напротив, Тој избрал пратеници од човештвото за нивните народи — луѓе со најсовршен морал, најчиста душа и најискрено срце. Ним им ги објавил Своите пораки, кои содржат сè што луѓето треба да го знаат за Возвишениот Господар, за оживувањето на Судниот ден — денот на пресудата и наградата. Пратениците ги поучиле своите народи како да Го обожуваат својот Господар, објаснувајќи им ги ибадетите, нивните пропишани времиња и наградите за нив во овој и идниот свет. Тие ги предупредиле од она што Господарот им го забранил во поглед на храната, пијалаците и интимните односи, и ги насочил кон убавиот морал, забранувајќи им ги непримерните однесувања.


Која е прифатената вера кај Возвишениот Господар?


Единствената прифатена вера кај Аллах е исламот — верата која сите пратеници ја пренесоа. На Судниот ден, Аллах нема да прифати друга вера освен исламот. Секоја друга вера што луѓето ја прифатиле, освен исламот, е неоснована и нема да им користи; напротив, ќе им донесе несреќа и на овој и на идниот свет.


Кои се основите и темелите на оваа вера (исламот)?


Аллах дал оваа вера да е лесна за Своите робови. Нејзините најважни темели се: да веруваш во Аллах како Господар и Бог, во Неговите ангели (мелеци), објавените книги, пратениците, Судниот ден и предодредбата. Треба да посведочиш дека нема друг бог освен Аллах и дека Мухамед е Негов пратеник, да го извршуваш намазот, да издвојуваш зекат ако имаш имот на кој зекатот е задолжителен, да постиш во месецот рамазан и да извршиш аџилак до древната Ќаба, изградена од Ибрахим, мир над него, по наредба на Господарот, ако си во можност. Исто така, треба да избегнуваш сè што Аллах ти го забранил, како што се: многубоштвото, убивањето, прељубата и конзумирањето на забранетиот имот. Ако веруваш во Аллах, ги извршуваш овие обредни должности и се воздржуваш од забранетото, тогаш си муслиман на овој свет, а на Судниот ден Аллах ќе ти подари вечна радост и бесмртен живот во Џенетот.


Дали исламот е вера само за одреден народ или раса?


Исламот е Аллаховата вера до целото човештво. Во него никој нема одлика над друг, освен во богобојазливоста и добрите дела, и сите луѓе се рамноправни.


Како луѓето да ја препознаат вистинитоста на Божјите пратеници, мирот Божји нека е над нив?


Луѓето ја препознаваат вистинитоста на Божјите пратеници на неколку начини:


Она што тие го донесуваат како вистина и упатство е разбирливо за здравиот разум и е во согласност со човечката природа. Разумот ја препознава убавината на оваа порака, и никој освен Божјите пратеници не може да донесе нешто слично.


Она со што дошле Божјите пратеници носи корист за верскиот и световниот живот на луѓето, помага во уредувањето на заедницата, градењето на цивилизацијата и заштитата на верата, разумот, имотот и честа на луѓето.


Пратениците, мирот Божји нека е над нив, не бараат награда од луѓето за тоа што ги упатуваат кон доброто. Тие ја очекуваат својата награда од Господарот.


Она со што дошле Божјите пратеници е сигурна вистина, без трага на сомнеж, противречности или несигурност. Секој пратеник го потврдува претходниот и повикува кон истото кон кое повикувале и тие.


Аллах ги поддржува пратениците, мирот Божји нека е над нив, со јасни знаци и чуда кои Тој ги овозможува преку нив како сведоштво за нивната вистинитост. Најголемото чудо со кое дошол некој од пратениците е чудото на последниот пратеник, Мухамед, мир и благослов над него, а тоа е Куранот.


Што е Благородниот Куран?


Благородниот Куран е Книгата на Господарот на световите, Аллаховиот говор што преку мелекот Џибрил, мир над него, му беше објавен на Божјиот пратеник Мухамед. Во него е содржано сè што Аллах им наложил на луѓето да знаат за Него, Неговите мелеци, објавените книги, пратениците, Судниот ден и предодредбата, било добра или лоша. Во Куранот се опфатени и задолжителните ибадети, забраните кои треба да ги избегнуваме, добрите моралните како и лошите особини, и сè што се однесува на верскиот, световниот и вечниот живот на луѓето. Тоа е чудесна Книга со која Аллах ги предизвикал луѓето да донесат нешто слично на неа. Таа е зачувана до Судниот ден на јазикот на кој е објавена, без да биде изменета или да изостане ниту една буква или збор.


Кој е доказот за оживувањето и судот Божји?


Зарем не гледаш дека Земјата која е мртва и без живот, па кога ќе падне дожд, таа се раздвижува и почнуваат да растат различни убави растенија? Оној кој ја оживува Земјата е способен да ги оживее и мртвите. Оној кој го создаде човекот од капка вода е способен на денот на оживувањето повторно да го врати и да го повика на полагање сметка, за да му ја даде заслужената награда — ако правел добро, ќе биде награден; ако правел зло, ќе биде казнет. Оној кој ги создаде небесата, Земјата и ѕвездите е способен повторно да го создаде човекот; бидејќи повторното создавање на човекот е полесно од создавањето на небесата и Земјата.


Што ќе се случи на Судниот ден?


Возвишениот Господар ќе ги оживее сите луѓе од нивните гробови и ќе ги повика на полагање сметка за нивните дела. Кој верувал во Аллах и им верувал на пратениците, ќе влезе во Џенетот – место на вечната среќа што ја надминува секоја замисла. А кој не верувал, ќе влезе во Огнот – место на вечните маки што човекот не може ни да ги замисли. Штом човекот влезе во Џенетот или Огнот, тој никогаш повеќе нема да умре, туку засекогаш ќе остане во вечното уживање или казна.


Ако човек сака да го прифати исламот, што треба да направи? Дали има посебни ритуали што треба да ги изврши или лица од кои треба да побара дозвола?


Кога човекот ќе разбере дека вистинската вера е исламот и дека тоа е верата на Господарот на световите, треба веднаш да го прифати исламот; бидејќи, кога разумниот човек ќе ја спознае вистината, треба веднаш да ѝ пристапи без одложување. За да стане муслиман, не се потребни посебни ритуали ниту присуство на други лица. Доволно е да изговори: „Ешхеду ен ла илахе иллаллах ве ешхеду енне Мухаммеден расулуллах“ (Сведочам дека нема друг вистински бог освен Аллах и сведочам дека Мухамед е Аллахов пратеник), разбирајќи го значењето и верувајќи во тоа. Ако ова го изговори пред муслиман или во исламски центар, тоа е подобро, но не и неопходно. Со оваа изјава, тој станува муслиман, а потоа постепено треба да ги изучува и практикува обредите на исламот за да го следи она што му го пропишал Аллах.


За повеќе информации, посетете ја страницата: https://byenah.com/mk



 





 



Recent Posts

Исламот е верата на Г ...

Исламот е верата на Господарот на световите

Як припинити турбуват ...

Як припинити турбуватися і почати жити

Исламот Вера на приро ...

Исламот Вера на природноста, разумот и среќата