Исламот
2
Исламот
Вера на природноста, разумот и среќата
Во името на Аллах, Семилосниот, Милостивиот
Дали си се запрашал некогаш:
Кој ги создал небата, Земјата и сите величенствени созданија кои
живеат во нив? Кој го создал прецизниот систем во нив?
Како е организиран и толку стабилен овој грандиозен универзум, со
своите закони кои го контролираат во текот на сите овие години?
Дали овој универзум се создал самиот себеси? Дали потекнува од
ништо? Или настанал случајно?
Кој те создал?
Кој го создал овој прецизен систем во органите кои функционираат во
твоето тело и во телата на другите живи суштества?
Никој не би прифатил доколку му се каже дека некоја куќа се појавила
без некој да ја изгради! Нема да поверува и ако му се каже дека тоа што не
постои ја изградило оваа куќа! Како тогаш некои луѓе веруваат, кога некој
им кажува дека овој огромен универзум настанал без Создател. Дали е
можно разумен човек да прифати кога некој им кажува дека ова прецизно
уредување на универзумот е случајно?
Сигурно е дека постои Величествен Бог Создател, Кој управува со
универзумот и со сѐ во него. Тоа е Аллах, Славениот и Возвишениот.
Возвишениот Господар ни пратил Пратеници и на нив им ги доставил
Божјите книги (објавите), а последна од книгите кои Аллах ги објавил е
Благородниот Куран, објавен на последниот пратеник Мухамед ,.
Преку Божјите книги и Неговите пратеници ние:
- Нѐ запозна со Себеси, и со Неговите атрибути, и со Неговото право
према нас, и ни го објасни нашето право према Него.
- Не упатил кон вистината дека тој е Гоподарот Кој ги создал сите
суштества, дека Тој е Жив и дека не умира, сите створенија се под Негова
власт, Нему потчинети и под Негова команда.
3
- Не извести дека еден од неговите атрибути е Знаењето кое е
сеопфатно и апсолутно, Тој сѐ слуша и сѐ гледа и ништо не Му е скриено
на Земјата ниту на небото.
Господарот е Живиот и Одржувателот, животот на сите созданија е од
Него, Едини, нека е Славен Тој, и Тој е Одржувателот, Кој го одржува
животот на секое живо суштество. Возвишениот Аллах вели:ُ
„Аллах е, нема друг бог освен Него, Живиот и Самоопстојувачкиот
Одржувател! Не Го обзема ни дремка ни сон! Негово е тоа што е на
небесите и на Земјата! Кој може кај Него да се зазема освен со Негова
дозвола?! Тој знае што било пред и што ќе биде по нив, и тие не можат да
опфатат од Неговото знаење, освен колку што Тој сака! Неговиот Курсиј ги
опфаќа и небесите и Земјата, и Нему не Му е тешко да ги одржува! Тој е
Севишниот, Величествениот!“ (Ел Бекаре, 255)
- Не извести дека Тој е Господарот кој е опишан со својства на
совршеност, ни дал разум и сетила со кои ја разбираме чудесноста на
Неговото создавање и Неговата моќ, а кои укажуваат на Неговата
Возвишенот, сила и апсолутните атрибути. Во нас ја всадил природата која
укажува на Неговата совршеност и дека е невозможно да Му се припишат
некакви недостатоци.
- Ни дал до знаење дека е над Неговите небеси и не е дел од
универзумот, ниту пак универзумот е дел од Него.
И ни соопшти дека е наша должност целосно да Му се предадеме
Нему, Севишниот, бидејќи Тој е нашиот Создател, Создателот на
универзумот и Оној кој управува со него.
Создателот има возвишени и потполни атрибути, и не е можно да се
опише со потреба или недостаток. Господарот не заборава, не спие, не јаде
храна, и не е можно да има сопруга или дете. Сите верски текстови кои не
4
ја потврдуваат величината на Аллах не се дел од исправната објава со која
се испратени Божјите пратеници, Аллаховиот мир нека е над нив.
Возвишениот Аллах во Благородниот Куран вели:ۡ
Кажи: „Тој е Аллах, Еден е!
Аллах е прибежиште секому!
Не родил и не е роден,
и никој не Му е рамен!“ (Ел Ихлас, 1-4)
Доколку веруваш во Господарот Создателот, дали некогаш си се
запрашал за целта поради која си создаден? Што Аллах сака од нас? Која е
целта на нашето постоење?
Дали е можно Аллах да нѐ создал а потоа нѐ оставил залудно? Дали е
можно Аллах да ги создал сите овие созданија бесцелно и без смисла
на постоење?
Вистината е дека Господарот и Возвишениот Создател Аллах нѐ
информирал дека постои цел поради која не создал, таа цел е: само Него да
го обожуваме и да знаеме што бара од нас! Нѐ известил дека Тој е
Единствениот кој заслужува да биде обожуван. Преку Божјите пратеници
алејхимус-селам, ни појаснил како да го обожуваме. Како да Му се
приближиме преку извршување на наредбите и оддалечување од
забраните? Како да го постигнеме Неговото задоволство? Како да се
заштитиме од Неговата казна, и не известил што ќе се случи со нас по
смртта.
Нѐ известил дека животот на овој свет е само испит и дека вистинскиот
и потполн живот е на оној свет, по смртта.
Нѐ информирал дека секој оној кој го обожува Аллах како што Тој
наредил и не го прави она што Аллах го забранил ќе живее убав овоземен
живот и ќе биде награден со вечни благодати на оној свет. Тие што се
неверници и непослушни кон Него ќе бидат несреќни на овој свет и
казнети со вечна казна на оној свет.
5
Знаеме дека не можеме да поминеме низ овој живот, без секој од нас да
ја добие наградата или казната за делото што го сторил, зарем е можно
да нема казна за неправедните и награда за добродетелните?!
Господарот наш нѐ известил дека постигнувањето на Неговото
задоволство и избегнувањето на Неговата казна не е можно без прифаќање
на исламот. Исламот значи преданост на Бога, само Негово обожување, без
да Му се припишува здруженик, покорност кон Аллах и спроведување на
Неговиот верозакон со задоволство и прифаќање. Аллах нѐ известил дека
од луѓето нема да прифати друга вера освен Исламот, Тој Возвишениот
вели:
„А тој што сака друга вера освен исламот, нема да му биде примена, и
тој на оној свет ќе биде меѓу губитниците.“ (Али Имран, 85)
Секој кој внимателно ќе види што обожува мнозинството на луѓе
денес, ќе најде дека се обожуваат луѓе, идоли, планети и слично. Разумен
човек не треба да обожува никого освен Господарот на световите Кој е
апсолутно совршен (без маани) во Неговите својства. Како може некој да
обожува создадено суштество, еднакво на него или дури пониско од него?
Обожуваниот не може да биде ниту човек, ниту идол, ниту дрво, ниту
животно!
Сите религии кои луѓето денес ги практикуваат, со исклучок на
исламот, Аллах не ги прифаќа затоа што се религии кои луѓето ги
измислиле или биле религии објавени од Бога кои луѓето ги искривиле.
Додека исламот е верата на Господарот на световите, неискривена и
непроменета. Книгата на оваа вера е Благородниот Куран, кој е сочуван
онака како што го објавил Аллах. Сѐ уште таа книга е во рацете на
муслиманите на јазикот на кој му била објавена на последниот Божји
пратеник.
Од основите на исламот е и да веруваме во сите Божји пратеници, кои
ги пратил Аллах, сите биле од човечкиот вид, кои Аллах ги помогнал со
знаци и чуда. Сите биле пратени да ги повикуваат луѓето да го обожуваат
Него, Единствениот, Кој нема придружник. Последниот од низата на Божји
пратеници е Мухамед , кого Аллах го испратил со последниот Божји
верозакон кој ги дерогирал верозаконите не претходните Божји пратеници.
Го помогнал со величествени знаци од кои најголем знак е Благородниот
Куран - говорот на Господарот на световите и најголемата книга која ја
6
спознал човештвото. Оваа книга е чудо од Аллах во неговата содржина,
израз, редослед и прописи. Во неа е упатството кон вистината, која води
кон среќата на овој и на оној свет. Куранот е објавен на арапски јазик.
Постојат многу рационални и научни докази кои недвосмислено
потврдуваат дека овој Куран, е говор на Создателот, Славениот и
Возвишениот, и дека е невозможно да биде дело на човек
Во основите на исламот спаѓа и верувањето во мелеците (ангелите),
верувањето во Судниот ден, во кој луѓето ќе бидат проживеани од нивните
гробови кога ќе одговараат за своите дела. Оној кој правел добри дела и е
верник ќе биде награден со вечно уживање во џенетот. Оној што не
верувал и грешно живеел ќе се соочи со голема казна во пеколниот оган.
Од основите на исламот е и да веруваме во Божјата одредба, било да е
добра или лоша.
Исламот е сеопфатен начин на живеење, во склад е со човечката
природа и разумот, прифатлив за праведните души. Возвишениот
Створител го пропиша за Неговите створенија. Исламот е вера на
добрината и среќата за сите луѓе на овој и на оној свет, не прави разлика
помеѓу расите и бојата на кожата. Во исламот сите луѓе се еднакви и никој
не е повреден од другиот, освен според добрите дела.
Аллах, Возвишениот вели:ۡ
„На тој што прави добро, било маж или жена, а верник е, Ние ќе му
дадеме да проживее убав живот и навистина ќе ги наградиме според
подоброто што го правеле.“ [Ен Нахл: 97]
Од работите кои Аллах ги потврдува во Куранот е тоа дека верувањето
во Возвишениот Аллах како Господар и Оној Кој се обожува, во Исламот
како вера, и во Мухамед , како Божји пратеник, и влегувањето во
исламот; е неопходно, каде што човекот нема право на избор. На Судниот
ден ќе има полагање сметка и награда/казна; тој што бил искрен верник ќе
го постигне големиот успех и спас, а оној кој бил неверник сигурно ќе
доживее јасен губиток.
Аллах, Возвишениот вели:
7
„...тој што им се покорува на Аллах и на Неговиот Пратеник, Тој ќе го
воведе во џенетските градини, под кои реки течат и во кои вечно ќе остане.
Тоа е голем успех!
А тој што нема да им биде покорен на Аллах и на Неговиот Пратеник,
и што преку границите Негови ќе преминува, Тој ќе го фрли во Огнот во
кој вечно ќе остане. Нему му припаѓа понижувачка казна!“ [Ен Ниса:
13-14]
Кој сака да го прими исламот треба да изговори: „Ешхеду ен ла илахе
иллаллах ве ешхеду енне Мухаммеден ресулуллах“ Сведочам дека нема
друг вистински бог (достоен за обожување)освен Аллах и сведочам дека
Мухамmед е Негов пратеник. Тој треба да го знае значењето на тоа што го
изговара и да верува во истото. На овој начин се станува муслиман а потоа
постепено треба да ги научи останатите исламските прописи за да го
извршува она со кое го обврзал Возвишениот Аллах.
За повеќе информации: https://byenah.com/mk
8
Исламот 3
Вера на природноста, разумот и среќата 3
Кој те создал? 3
Дали е можно Аллах да нѐ создал а потоа нѐ оставил залудно? Дали е
можно Аллах да ги создал сите овие созданија бесцелно и без смисла на
постоење? 5
Знаеме дека не можеме да поминеме низ овој живот, без секој од нас да ја
добие наградата или казната за делото што го сторил, зарем е можно да
нема казна за неправедните и награда за добродетелните?! 6
9