
Затоа ние муслиманите веруваме во Аллах и во Судниот ден - како што наредил Аллах - и веруваме во сите Пратеници и претходно испратени објави. Аллах Возвишениот вели:
﴿آمَنَ الرَّسُولُ بِمَا أُنْزِلَ إِلَيْهِ مِنْ رَبِّهِ وَالْمُؤْمِنُونَ كُلٌّ آمَنَ بِاللَّهِ وَمَلَائِكَتِهِ وَكُتُبِهِ وَرُسُلِهِ لَا نُفَرِّقُ بَيْنَ أَحَدٍ مِنْ رُسُلِهِ وَقَالُوا سَمِعْنَا وَأَطَعْنَا غُفْرَانَكَ رَبَّنَا وَإِلَيْكَ الْمَصِيرُ﴾
„Пратеникот верува во тоа што му се објавува од Господарот негов, и верниците, секој од нив верува во Аллах, и во мелеците Негови, и во Книгите Негови, и во Пратениците Негови: ,Ние не правиме поделба меѓу Пратениците Негови'. И велат: ,Слушаме и се покоруваме. Те молиме за прошка, Господару наш, Тебе ќе Ти се вратиме'". (Ел Бекарe, 285).
Што е Благородниот Куран?
Чесниот Куран е Божји говор и Негово откровение кое му го објави на последниот Пратеник Мухамед, алејхи селам, Тој е најголемото чудо кое ја докажува вистинитоста на неговото пратеништво. Куранот е вистина во неговите прописи и вистина во неговите известувања. Семоќниот Аллах ги предизвикал негаторите да состават едно поглавје слично на Куранот, но тие не биле во можност да го сторат тоа; а тоа е токму поради големината што ја содржи Куранот и сите аспекти на човечкиот живот што ги опфаќа во овој и идниот свет. Куранот ги содржи сите вистински факти на верувањето на кои мора да им се верува. Исто така, ги вклучува заповедите и забраните кои човекот треба да ги следи кога станува збор за односот помеѓу него и неговиот Господар, или за работи што се однесуваат само за него, или кога станува збор за односот помеѓу него и сите други суштества. Сето ова е прецизно и јасно кажано и објаснето. Исто така, содржи многу рационални докази и научни факти кои укажуваат дека овој текст не може да биде дело на човек, туку тоа е говор на Господарот на луѓето, нека е славен и Возвишен.
Ислам, што е тоа?
Исламот е целосна предаденост на Возвишениот Аллах со признание за Неговото единство, да Му се покорува и да го спроведува Неговиот верозакон, со задоволство и целосно прифаќање, и да негира сè што се обожува покрај Него.
Возвишениот Аллах ги испратил Пратениците само со една порака, а тоа е: повикот да се обожува единствено Аллах, Кој нема партнери и неверување во сѐ што се обожува освен Аллах.
Исламот е верата на сите Веровесници, бидејќи нивниот повик бил ист, иако нивните верозакони се разликувале. Муслиманите денес се единствените кои се придржуваат кон вистинската вера која ја имале сите Веровесници, а пораката на исламот во ова време е вистинита, и е последната порака од Создателот до луѓето. Затоа, Господарот кој ги испрати Авраам, Мојсеј и Исус, мир Божји нека е над нив, е истиот кој го испрати последниот од Пратениците Мухамед, алејхи селам. Исламското законодавство (шеријатот) ги дерогираше претходните верозакони.
Сите религии што луѓето ги практикуваат денес - освен исламот - се производ на луѓе, или биле од Бога објавени но потоа биле променети од луѓето, така што станале мешавина од митолошки суеверија, наследени митови и човечки измислици.
Верата на муслиманите е единствена вера која не се менува. Нивните обреди со кои Му се покоруваат на Аллах се исти. Муслиманите извршуваат пет дневни намази, даваат зекат и постат во месецот рамазан. Нивниот устав е Благородниот Куран, кој е ист во сите земји. Возвишениот Аллах вели:
﴿ٱلۡيَوۡمَ أَكۡمَلۡتُ لَكُمۡ دِينَكُمۡ وَأَتۡمَمۡتُ عَلَيۡكُمۡ نِعۡمَتِي وَرَضِيتُ لَكُمُ ٱلۡإِسۡلَٰمَ دِينٗاۚ فَمَنِ ٱضۡطُرَّ فِي مَخۡمَصَةٍ غَيۡرَ مُتَجَانِفٖ لِّإِثۡمٖ فَإِنَّ ٱللَّهَ غَفُورٞ رَّحِيمٞ﴾
„Денес верата ваша ви ја усовршив и благодатта Своја спрема вас ја надополнив и задоволен Сум исламот да ви биде вера. А на тој што ќе биде принуден, кога има глад, без намера да стори грев, Аллах ќе му прости и Милостив ќе биде." (Ел Маиде, 3).
Возвишениот Аллах во Куранот вели:
﴿قُلْ آمَنَّا بِاللَّهِ وَمَا أُنْزِلَ عَلَيْنَا وَمَا أُنْزِلَ عَلَى إِبْرَاهِيمَ وَإِسْمَاعِيلَ وَإِسْحَاقَ وَيَعْقُوبَ وَالْأَسْبَاطِ وَمَا أُوتِيَ مُوسَى وَعِيسَى وَالنَّبِيُّونَ مِنْ رَبِّهِمْ لَا نُفَرِّقُ بَيْنَ أَحَدٍ مِنْهُمْ وَنَحْنُ لَهُ مُسْلِمُونَ (٨٤) وَمَنْ يَبْتَغِ غَيْرَ الْإِسْلَامِ دِينًا فَلَنْ يُقْبَلَ مِنْهُ وَهُوَ فِي الْآخِرَةِ مِنَ الْخَاسِرِينَ﴾
Кажи: „Ние веруваме и во Аллах и во тоа што ни е објавено нам, и во тоа што им е објавено на Ибрахим, и на Исмаил, и на Исхак, и на Јакуб и на потомците; и во тоа што им е дадено на Муса и на Иса и на веровесниците од Господарот нивен; ние никаква разлика меѓу нив не правиме и само Нему искрено Му се предаваме".(84)
„А тој што сака друга вера освен исламот, нема да му биде примена, и тој на оној свет ќе биде меѓу губитниците." (Али Имран, 84-85).
Исламот е сеопфатен начин на живеење, во согласност е со човечката природа и разумот, прифатлив за праведните души. Тој е од Создателот даден закон за неговите созданија. Исламот е вера на добрината и среќата за сите луѓе на овој и на оној свет, не прави разлика помеѓу расите и бојата на кожата. Во исламот сите луѓе се еднакви и никој не е повреден од другиот, освен според добрите дела.
Аллах, Возвишениот, вели:
(مَنۡ عَمِلَ صَٰلِحٗا مِّن ذَكَرٍ أَوۡ أُنثَىٰ وَهُوَ مُؤۡمِنٞ فَلَنُحۡيِيَنَّهُۥ حَيَوٰةٗ طَيِّبَةٗۖ وَلَنَجۡزِيَنَّهُمۡ أَجۡرَهُم بِأَحۡسَنِ مَا كَانُواْ يَعۡمَلُونَ)
„На тој што прави добро, било маж или жена, а верник е, Ние ќе му дадеме да проживее убав живот и навистина ќе ги наградиме според подоброто што го правеле." (Ен Нахл, 97).
Исламот е патот кон среќата.
Исламот е вера на сите Веровесници, таа е вера за сите луѓе, и не е вера посебна за Арапите.
Исламот е пат кој води до вистинската среќа на овој свет и до вечна благосостојба на идниот свет.
Исламот е единствената вера која им се одѕива на потребите на човековата душа и тело, која ги решава сите проблеми на човештвото. Возвишениот Аллах вели:
﴿قَالَ اهْبِطَا مِنْهَا جَمِيعًا بَعْضُكُمْ لِبَعْضٍ عَدُوٌّ فَإِمَّا يَأْتِيَنَّكُمْ مِنِّي هُدًى فَمَنِ اتَّبَعَ هُدَايَ فَلا يَضِلُّ وَلا يَشْقَى (123) وَمَنْ أَعْرَضَ عَنْ ذِكْرِي فَإِنَّ لَهُ مَعِيشَةً ضَنْكًا وَنَحْشُرُهُ يَوْمَ الْقِيَامَةِ أَعْمَى﴾
„Излегувајте од него сите," – рече Тој – „едни на други непријатели ќе бидете! Од Мене упатство ќе ви доаѓа, и тој што ќе го следи Моето Упатство нема да заталка и нема несреќен да биде. (123)
А тој што ќе се заврти од Опомената Моја, тој тежок живот ќе живее и на Судниот ден слеп ќе го оживееме." (124) (Та Ха, 123-124).
Кои се моите придобивки од прифаќањето на исламот?
Прифаќањето на исламот со себе носи големи придобивки, меѓу кои се:
Успехот и честа, човекот на овој свет да биде Аллахов роб/слуга. Во спротивно ќе биде роб на неговите страсти, на шејтанот и неговите нагони.
Победа на идниот свет така што Аллах ќе му прости, ќе биде задоволен со него, и ќе го воведе во Џенет, ќе се здобие со задоволство и постојана благодат, и ќе се спаси од казната во огинот.
На Судниот ден верникот ќе биде со веровесниците, искрените верници, шехидите (мачениците) и добрите луѓе. Колку е тоа прекрасно друштво! А кој не верува, ќе биде со тирани, зли луѓе, криминалци и со тие што правеле неред.
Оние кои Аллах ќе ги воведе во Рајот ќе живеат во вечна благосостојба, без смрт, болест, болка, стареење или тага. Ќе им се исполнат сите желби кои ќе ги посакат. А оние што ќе влезат во огнот ќе бидат во вечни и непрекинати страдања.
Во Џенетот има уживања кои окото не ги видело, увото за нив не слушнало, ниту пак човек може да ги замисли. Доказ за тоа се зборовите на Возвишениот Аллах:
﴿مَنْ عَمِلَ صَالِحًا مِنْ ذَكَرٍ أَوْ أُنْثَى وَهُوَ مُؤْمِنٌ فَلَنُحْيِيَنَّهُ حَيَاةً طَيِّبَةً وَلَنَجْزِيَنَّهُمْ أَجْرَهُمْ بِأَحْسَنِ مَا كَانُوا يَعْمَلُونَ﴾
„На тој што прави добро, било маж или жена, а верник е, Ние ќе му дадеме да проживее убав живот и навистина ќе ги наградиме според подоброто што го правеле." (Ен Нахл, 97). Аллах, Возвишениот, рекол:
﴿فَلَا تَعۡلَمُ نَفۡسٞ مَّآ أُخۡفِيَ لَهُم مِّن قُرَّةِ أَعۡيُنٖ جَزَآءَۢ بِمَا كَانُواْ يَعۡمَلُونَ﴾
„И никој не знае какви, како награда за тоа што го правеле, скриени радости ги очекуваат." (Ес Сеџда, 17).
Што ќе изгубам ако го отфрлам исламот?
Човек ќе го изгуби најголемото знаење и спознание, знаењето и спознанието за Аллах. Ќе го изгуби верувањето во Аллах кое му дава сигурност и смиреност на овој свет и вечни уживања на идниот свет.
Нема да има можност да се запознае со највеличествената книга која Аллах им ја објавил на луѓето и верувањето во оваа возвишена книга.
Нема да верува во великаните Веровесници и нема да ја има привилегијата да се дружи со нив во Џенетот на Судниот ден. Ќе биде заедно со шејтаните, злосторниците и неправедниците во џехенемскиот оган. А каков лош дом е тоа и какво лошо друштво се тие.
Аллах, Возвишениот, вели:
﴿قُلْ إِنَّ الْخَاسِرِينَ الَّذِينَ خَسِرُوا أَنْفُسَهُمْ وَأَهْلِيهِمْ يَوْمَ الْقِيَامَةِ أَلا ذَلِكَ هُوَ الْخُسْرَانُ الْمُبِينُ (15) لَهُمْ مِنْ فَوْقِهِمْ ظُلَلٌ مِنَ النَّارِ وَمِنْ تَحْتِهِمْ ظُلَلٌ ذَلِكَ يُخَوِّفُ اللَّهُ بِهِ عِبَادَهُ يَا عِبَادِ فَاتَّقُونِ﴾
Кажи: „Губитници се, навистина, тие што на Судниот Ден ќе се изгубат и себеси и семејствата свои. Ете, тоа е очигледен губиток!" (15)
„Над нив ќе има слоеви од Оган, а и под нив слоеви; со тоа Аллах ги застрашува робовите Свои. „О, робови Мои, плашете се од Мене!" (16) (Ез Зумер: 15-16).
Кој посакува да биде спасен на оној свет, нека влезе во исламот и нека го следи Пратеникот Мухамед, салаллаху алејхи ве селем.
Една од вистините за која се согласиле сите Пратеници и веровесници, Божјиот мир нека е над нив, е дека никој нема да биде спасен на идниот свет, освен оние муслимани кои веруваат во Возвишениот Аллах, и кои никого не го сметале за рамен со Него во обожувањето, кои верувале во сите Пратеници и веровесници. Сите оние кои ги следат Пратениците, верувааат во нив и во она со што тие дошле, ќе влезат во Џенетот и ќе бидат спасени од огнот.
Така што оние кои живееле во времето на пратеникот Мојсеј, верувале во него и го следеле неговото учење, биле муслимани, верници и добри луѓе. Но, откако Аллах го испратил Исус, обврската на следбениците на Мојсеј беше да веруваат во Исус и да го следат. Оние кои веруваа во Исус беа муслимани и добри верници. А оние кои одбија да веруваат во Исус и рекоа: „Ќе останеме на верата на Мојсеј", тие не се верници затоа што одбија да веруваат во веровесникот кој Аллах го пратил. Потоа, откако Аллах го испрати последниот од пратеницит, Мухамед, алејхи селам, задолжително беше сите да веруваат во него. Господарот е Оној Кој ги испрати Мојсеј и Исус, а Тој го испрати и последниот од пратениците, Мухамед. Кој не верува во пратеништвото на Мухамед, алејхи селам, и вели: „Ќе го следам Мојсеј или Исус", тој не е верник.
Не е доволно човек да каже дека ги почитува муслиманите, ниту е доволно да дава милостина и да им помага на сиромашните за да се спаси на Ахиретот. Напротив, тој мора да биде верник во Аллах, Неговите книги, Неговите Пратеници и Судниот ден, за Аллах да го прифати тоа од него. Нема поголем грев од ширкот (политеизмот) и неверувањето во Аллах, негирањето на објавата што Аллах ја објави или негирањето на пратеништвото на неговиот последен Пратеник Мухамед, алејхи селам.
Евреите, христијаните и останатите кои слушнале за пратеништвото на Мухамед, Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, кои одбија да веруваат во него и одбија да влезат во исламската вера, ќе бидат во џехенемскиот Оган засекогаш. Ова е пресуда која ја одреди Аллах, а не човекот. Возвишениот Аллах рекол:
﴿إِنَّ الَّذِينَ كَفَرُوا مِنْ أَهْلِ الْكِتَابِ وَالْمُشْرِكِينَ فِي نَارِ جَهَنَّمَ خَالِدِينَ فِيهَا ۚ أُولَـٰئِكَ هُمْ شَرُّ الْبَرِيَّة﴾
„Тие што не веруваат од следбениците на Книгата и многубошците, сигурно ќе бидат во огнот џехенемски, во кој вечно ќе останат; – тие се најлошите суштества." (Ел Бејине, 6).
Земајќи предвид дека последната Божја објава му е доставена на човештвото, должност е на секој човек што ќе слушне за последниот Божји пратеник Мухамед, алејхи селам, да верува во него, да го следи неговиот верозакон и да му се покорува во неговите наредби и забрани. Сходно на тоа секој оној кој ќе слушне за оваа последна објава и ќе ја отфрли, од него нема да се прими ниту едно дело и ќе биде казнет на идниот свет.
Некои од доказите за ова тврдење се:
﴿وَمَنْ يَبْتَغِ غَيْرَ الْإِسْلَامِ دِينًا فَلَنْ يُقْبَلَ مِنْهُ وَهُوَ فِي الْآخِرَةِ مِنَ الْخَاسِرِينَ﴾
„А тој што сака друга вера освен исламот, нема да му биде примена, и тој на оној свет ќе биде меѓу губитниците." (Али Имран, 85).
Аллах, Возвишениот, рекол:
﴿قُلْ يَا أَهْلَ الْكِتَابِ تَعَالَوْا إِلَى كَلِمَةٍ سَوَاءٍ بَيْنَنَا وَبَيْنَكُمْ أَلَّا نَعْبُدَ إِلَّا اللَّهَ وَلَا نُشْرِكَ بِهِ شَيْئًا وَلَا يَتَّخِذَ بَعْضُنَا بَعْضًا أَرْبَابًا مِنْ دُونِ اللَّهِ فَإِنْ تَوَلَّوْا فَقُولُوا اشْهَدُوا بِأَنَّا مُسْلِمُونَ﴾
Кажи: „О, следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот, и нам и вам заеднички, никого освен Аллах да не обожуваме, ништо да не Му здружуваме, и едни со други, покрај Аллах, за божества да не се сметаме!" Па ако не се согласат, вие кажете: „Бидете сведоци дека ние сме муслимани!" (Али Имран, 64).
Какви обврски имам за да бидам муслиман?
За да го прифатиш исламот должен си да веруваш во овие шест столбови:
Верување во Аллах, Возвишениот, и дека Тој е Создателот, Одржувачот, Владетелот и Сопственикот на сè, никој не Му е сличен. Тој нема ниту жена ниту дете и единствено Тој е достоен за обожување. Никој не се обожува освен Него, и да веруваме дека се што се обожува освен Него е лажно.
Верување во мелеците кои се Аллахови робови, Тој ги создал од светлина и одредил некој од нив да ја доставуваат Божјата објава до Пратениците.
Верување во сите книги кои Аллах им ги објавил на Божјите пратеници (како што се Тевратот и Инџилот - пред да бидат искривени) и во последната, Благородниот Куран.
Верување во сите Пратеници како што се Нух, Ибрахим, Муса, Иса и последниот Мухамед. Сите тие беа од човечкиот вид, поддржани со објавата и им биле дадени натприродни знаци (чуда) кои ја потврдуваат нивната вистинитост.
Верување во Судниот ден, кога Аллах ќе ги проживее сите луѓе, и првите и последните, Аллах ќе им суди на сите. Верниците ќе влезат во Џенетот, а неверниците во Џехенемот.
Верување во Божјата предодредба и дека Аллах знае сѐ, што било во минатото и што ќе се случи во иднина. Аллах сето тоа го знае и го запишал, сакал да се случи и сѐ создал.
Не ја одложувај одлуката!
Овој свет не е вечен...
Сите негови убавини ќе ги снема и ќе згасне секоја страст...
И ќе дојде Денот во кој човекот ќе полага сметка за сѐ што направил, а тоа е Судниот ден. Возвишениот вели:
﴿وَوُضِعَ الْكِتَابُ فَتَرَى الْمُجْرِمِينَ مُشْفِقِينَ مِمَّا فِيهِ وَيَقُولُونَ يَا وَيْلَتَنَا مَالِ هَذَا الْكِتَابِ لاَ يُغَادِرُ صَغِيرَةً وَلاَ كَبِيرَةً إِلاَّ أَحْصَاهَا وَوَجَدُوا مَا عَمِلُوا حَاضِرًا وَلاَ يَظْلِمُ رَبُّكَ أَحَدًا﴾
И Книгата ќе биде поставена и ќе ги видите грешниците преплашени поради тоа што е во неа. „Тешко нам!" – ќе зборуваат – „Каква е оваа книга, ни мал ни голем грев не пропуштила, сè набројала?!" – И ќе го видат запишано тоа што го правеле. Господарот твој нема никому да му направи неправда. (Кехф, 49).
Аллах, Семоќниот и Возвишениот, нѐ известил дека човек кој нема да го прими исламот засекогаш и вечно ќе престојува во џехенемскиот оган.
Ова не е мал, напротив е огромен губиток, за кој Аллах вели:
﴿وَمَن يَبْتَغِ غَيْرَ الْإِسْلَامِ دِينًا فَلَن يُقْبَلَ مِنْهُ وَهُوَ فِي الْآخِرَةِ مِنَ الْخَاسِرِينَ﴾
„А тој што сака друга вера освен исламот, нема да му биде примена, и тој на оној свет ќе биде меѓу губитниците." (Али Имран, 85).
Исламот е единствената вера прифатена од Аллах.
Аллах нѐ создал и Нему ќе Му се вратиме. Овој свет е испит за нас.
Биди убеден, овој живот е краток и наликува на сон... Никој не знае кога ќе умре!
Што ќе Му одговори на својот Создател кога на Судниот ден ќе го праша: Зошто не ја следеше вистината? Зошто не го следеше последниот Пратеник?
Што ќе Му одговори на Господарот на Судниот ден, а претходно е предупреден со исламот да не го следи неверувањето, и известен е дека неверниците на крајот ќе пропаднат во вечниот Оган!?
Возвишениот Аллах вели:
﴿وَالَّذِينَ كَفَرُوا وَكَذَّبُوا بِآيَاتِنَا أُولَئِكَ أَصْحَابُ النَّارِ هُمْ فِيهَا خَالِدُونَ﴾
„А тие што нема да веруваат и кои ајетите Наши ќе ги негираат, жители на Огнот ќе станат и во него вечно ќе останат." (Ел Бекарe, 39).
Нема оправдување за напуштање на вистината следејќи ги слепо татковците и предците.
Аллах нѐ известил дека многу луѓе одбиваат да го прифатат исламот плашејќи се од средината во која живеат:
Многумина го отфрлаат исламот затоа што не сакаат да ги променат своите убедувања што ги наследиле од нивните предци или ги стекнале во нивната средина и друштво, и на кои се навикнале. Многумина од нив не го прифаќаат исламот поради фанатизмот и слепата лојалност кон невистината која ја наследиле.
Никој од нив нема да има оправдание за тоа и ќе застанат пред Аллах без никаков аргумент во нивна полза.
Не е оправдување за атеистот да каже: „Останувам атеист затоа што сум роден во атеистичко семејство", напротив, треба да го искористи разумот што му го дал Аллах, да размисли за големината на небесата и Земјата! Да размисли со неговиот ум што му го дал неговиот Создател да разбере дека овој универзум има свој Создател. Исто така, оној што обожува кипови и идоли нема оправдување во следењето на своите предци, туку е должен да ја бара вистината и да се запраша: Како да обожувам нешто неживо што не ме слуша, не ме гледа и не ми користи!?
Исто така, христијанинот, кој верува во работи што се спротивставуваат на природноста и разумот, мора да се запраша: „Како може Бог да го жртвува Својот син кој не правел гревови заради гревовите на другите луѓе?! Неправедно е! Како можат луѓето да распнат и да убијат Божји син?! Зарем Бог не може да им ги прости гревовите на луѓето без да им дозволи да го убијат Неговиот син? Зарем Господарот не може да го заштити сопствениот син?
Должност на разумниот човек е да ја следи вистината, а не да ги следи своите предци во заблудата.
Аллах, Возвишениот, вели:
﴿وَإِذَا قِيلَ لَهُمْ تَعَالَوْا إِلَى مَا أَنْزَلَ اللَّهُ وَإِلَى الرَّسُولِ قَالُوا حَسْبُنَا مَا وَجَدْنَا عَلَيْهِ آبَاءَنَا أَوَلَوْ كَانَ آبَاؤُهُمْ لَا يَعْلَمُونَ شَيْئًا وَلَا يَهْتَدُونَ﴾
А кога ќе им се каже: „Пристапете кон тоа што ви го објавува Аллах и кон Пратеникот!", тие одговараат: „Доволно ни е тоа што од предците наши сме го запомниле." Зарем и ако предците нивни ништо не знаеја и ако на Вистинскиот пат не беа?! (Ел Маиде, 104).
Што треба да направи човек кој сака да го прифати исламот, но се плаши од непријатностите кои можат да му ги предизвикаат неговите роднини?
Оној којшто сака да го прифати исламот, а се плаши од средината во која живее, дозволено му е да го прифати исламот и тоа да го сокрие сѐ додека Аллах не му овозможи излез кон доброто, кога ќе стане независен и ќе може да го манифестира јавно исламот.
Обврска е на секој човек веднаш да го прифати исламот, но не е должен да ги извести сите околу себе дека го прифатил исламот или јавно да го обзнани, доколку тоа може да му наштети.
Знај дека кога човек ќе го прифати исламот, тој ќе стане брат на милиони муслимани. Тој може да ги контактира џамијата или исламскиот центар во неговиот град и да побара од нив совет и помош, што ќе ги израдува.
Аллах, Возвишениот, вели:
﴿وَمَنْ يَتَّقِ اللَّهَ يَجْعَلْ لَهُ مَخْرَجًا وَيَرْزُقْهُ مِنْ حَيْثُ لَا يَحْتَسِب﴾
„А на тој што се плаши од Аллах, Тој ќе му најде излез
и ќе го снабди од каде што не се надева." (Ет Талак, 2-3).
Почитуван читателу,
Зарем задоволството на Аллах, Создателот Кој ни ги дал сите благодати, вклучително и храната додека бевме во утробите на нашите мајки и Кој ни го дава воздухот што го дишеме сега, не е поважно од задоволството на луѓето?
Успехот и спасението на овој и на идниот свет, зарем не заслужуваат за нив да ги жртвуваме сите помалку вредни уживања од овој минлив живот? Да, се колнам во Аллах, дека заслужуваат!
Затоа, човекот не треба да дозволи неговото минато да го спречи во исправувањето на неговата погрешна насока, и да направи нешто исправно.
Уште денеска човекот нека стане вистински верник! Немој да му дозволи на шејтанот да го спречи да ја следи вистината!
Аллах, Возвишениот, вели:
﴿يَا أَيُّهَا النَّاسُ قَدْ جَاءَكُمْ بُرْهَانٌ مِنْ رَبِّكُمْ وَأَنزلْنَا إِلَيْكُمْ نُورًا مُبِينًا (174) فَأَمَّا الَّذِينَ آمَنُوا بِاللَّهِ وَاعْتَصَمُوا بِهِ فَسَيُدْخِلُهُمْ فِي رَحْمَةٍ مِنْهُ وَفَضْلٍ وَيَهْدِيهِمْ إِلَيْهِ صِرَاطًا مُسْتَقِيمًا﴾
„О, луѓе, доказот од Господарот ваш веќе ви стигна и Ние ви ја објавивме Јасната Светлина!
Тие што во Аллах ќе веруваат и цврсто кон Него ќе се придржуваат, Тој сигурно во Својата милост и благодат ќе ги воведе, и на Правиот пат кон Себе ќе ги упати!" (Ен Ниса, 174-175).
Дали си подготвен да ја донесеш најважната одлука во твојот живот?
Ако сето претходно е логично, а човекот ја сознал вистината во своето срце; тогаш тој треба да го направи првиот чекор кон прифаќањето на исламот.
Кој сака помош во носењето на најважната одлука во неговиот живот и упатство на начинот како да стане муслиман?
Гревовите нека не му бидат пречка да го прифати исламот, бидејќи Аллах нè известил во Куранот дека ќе му ги прости сите гревови на човекот ако го прифати исламот и се покае кај својот Создател. Дури и по прифаќањето на исламот, природно е дека човекот ќе направи некои гревови, бидејќи сме луѓе, не сме безгрешни ангели. Но, од нас се бара да бараме прошка од Аллах и да се покаеме кај Него. Ако Аллах види дека сериозно сме го прифатиле исламот со изговарање на шехадетот (сведоштвото), тогаш Тој ќе ни помогне да ги оставиме другите гревови. Кој ќе Му се обрати на Аллах и ќе ја следи вистината, Тој ќе му олесни да прави повеќе добри дела. Затоа, човекот не треба да се двоуми од тоа веднаш да го прими исламот.
Од доказите за тоа се зборовите на Возвишениот:
﴿قُلْ لِلَّذِينَ كَفَرُوا إِنْ يَنْتَهُوا يُغْفَرْ لَهُمْ مَا قَدْ سَلَفَ﴾
„Кажи им на тие што не веруваат: ако престанат, ќе им биде простено тоа што било претходно." (Ел Енфал, 38).
Што треба да направам за да станам муслиман?
Влезот во исламот е лесен и не бара одредени ритуали и официјални церемонии. Човекот е само должен да ги изговори двете сведочења, знаејќи го нивното значење. Тоа ќе го направи изговарајќи „Ешхеду ен ла илахе ил-лаллах ве ешхеду енне Мухаммеден ресулуллах"/„Сведочам дека нема друг вистински бог освен Аллах и сведочам дека Мухамед е Аллахов пратеник". Доколку ти е полесно, не си должен ова да го изговориш на арапски јазик и можеш да го изговориш на твојот јазик. Така ќе станеш муслиман. Потоа си должен да учиш за твојата вера, изворот на твојот успех на овој свет и на спасението на идниот свет.